Чекор по чекор: Како до дозвола за работа во Шведска

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку сте граѓанин на земја која не е членка на ЕУ, со цел да добиете дозвола за работа вие мора да добиете официјална понуда за вработување од шведски работодавач. За да биде квалификуван како дозвола за работа, договоорт за работа треба да исполнува неколку услови. Најпрво, огласот за работа мора да биде објавен на EURES порталот во рок од минимум 10 дена, работните услови мораат да бидат во согласнот со шведските колективни договори, а месечната плата пред оданочувањето треба да изнесува најмалку 13 000 круни на годишно ниво.

Вашиот работодавец ќе треба да ја заврши писмената понуда за вработување и ќе треба да го испрати договорот за вработување до соодветниот синдикат. Откако ќе биде одобрен, тој ќе биде вратен кај вашиот работодавец. Овие документи работодавецот ви ги испраќа вас како би можеле да ги приложите кон апликацијата за дозвола за работа.

Постојат два начина на кои можете да аплицирате за дозвола за работа: онлајн или во најблиската амбасада на Шведска. Во првиот случај, ги скенирате и ги прикачувате сите документи, а доколку се пријавувате во амбасада ги предавате документите и пожелно е да направете копии од истите за евиденција.

Апликацијата треба да содржи: пополнет образец за аплицирање, копија од страната на пасошот каде се содржани вашите лични податоци и сите документи кои работодавачот ви ги испратил, како и доказ за уплатена такса.

Доколку апликацијата е доставена преку амбасада, таа ќе биде испратена до Бордот во Шведска. Времето потребно за обработка и преглед на целата документација изнесува околу месец дена. Доколку ви е потреба виза за влез во Шведска, ќе треба да отидете до амбасадата за да бидете фотографирани и да оставите отпечатоци. Доколку не ви е потребна, откако ќе пристигнете во Шведска ќе треба да ја посетите најблиската канцелардија на Бордот за миграција и таму да бидете фотографирани и да оставите отпечатоци. Откако сево ова успешно ќе биде завршено, на вашата адреса во Шведска ќе ви биде испратена картичката која ќе ви служи како приказ за дозволата за престој.

Доколку добиете дозвола за работа, вашиот брачен партнер, децата до 21 годишна возраст, како и децата над 21 кои се финансиски зависни од вас, имаат право да ви се придружат во Шведска. Сите тие мораат да аплицираат за дозвола за престој, неовисно дали тоа ќе биде како дел од вашата апликација или одделно.