Често пиете вода од пластично шише? Еве што треба да знаете

ИЗВОРНов Лист
|

Според информациите од нова анализа, внесувањето доволно течности е само еден дел од одржувањето на здравјето. Имено, важно е да обрнете внимание на материјалите од кои се направени чашите или шишињата од кои пиете вода.

Најлесно е да посегнете по пластично шише за вода, но освен што е штетна за околината, пластиката може да му наштети и на вашето тело.

Едно лице внесува просечно 20 килограми пластика во својот организам во текот на животот, според Фондацијата Томсон Ројтерс. Се разбира, веројатно никој всушност не јаде пластика. Барем не свесно. Микропластиката е составена од мали микрочестички на кои се распаѓаат пластичните производи. Но, важно е да се знае дека оваа микропластика може да го најде патот до нашето тело најчесто преку храна што претходно била спакувана во пластично пакување.

Одредени хемикалии кои се наоѓаат во пластиката, како што се фталатите и бисфенолите А, можат да дејствуваат како токсини на телото.

Имено, важно е да се нагласи дека се потребни многу повеќе истражувања за ефектите од употребата (и консумирање) на пластични хемикалии, но веќе треба да се прашувате дали вреди воопшто да се ризикува. Извор: Кајгана