Често завршуваат во оптек – Еве како да препознаете фалсификат 100 евра

ИЗВОРНов Лист
|

Се почесто сме сведоци на пријави за купување на вредни предмети со фалсификат пари, најчесто евра, па покрај тоа што ќе останете без вашата продажна стока исто така ќе останете и без пари. Затоа би било добро пред да ги прифатите парите убаво да ги разгледате и да се осигурате дека не се фалсификувани.

Најфалсификувана банкнота е онаа од 100 евра. За да не ве „закрпи“ некој, а и за да не се наместите па да подметнете и ни криви ни должни фалсификувани пари, треба да знаете по кои обележја да препознаете дали банкнотата е вистинска или не.

На светло мора да се гледа водениот жиг. На заштитната нитка (на сребрената лента), внатре, кога подобро ќе се заврти кон светло, треба да се види дека пишува „100 euro“. На холограмот треба да се менуваат боите, а ознаката 100 мора да се осети и под прсти. Најважно од сѐ – на задната страна бројот мора да се прелева од виолетова во кафена боја.