Напуштањето на работата е голема одлука, но работењето работа која не ја сакате може трајно да има негативно влијание на кариерата, но и на вашето здравје.
„Од сите расправи во нашата глава, одлучувањето дали е време да се откажете е една од најтешките“, вели Сузи Велш, експерт за кариера.
Таа за CNBC посочи четири сигурни знаци според кои е време да побарате излез.
1. Нема место за напредок
Дали сметате дека не постои начин да се искачите едно ниво погоре во фирмата каде што моментално работите, а го заслужувате тоа? Велш смета дека тоа е еден од главните знаци дека е време да продолжите напред.
2. Вградена репутација
Уште една добра причина да дадете отказ е вградената репутација.
„Да кажеме дека сте почнале да работите како асистентка. Некои луѓе никогаш нема да ве видат како нешто друго. Или можеби сте биле дел од проект кој пропаднал. Неуспехот може да биде дел од вас, дури и кога не сте виновни за тоа“, вели Велш.
Сите овие фактори можат да создадат лоша вибрација за „оштетен производ“. Кога тоа ќе се случи, мора да најдете место за нов почеток.
3. Не сте возбудени поради работата
Ако чувствувате дека не ви е грижа за производите или услугите на компанијата, тоа е јасен знак дека е време за отказ.
„Животот е краток и драгоцен. Не трошете 40 или 50 часа неделно за да унапредувате нешто во што не верувате. Наместо тоа, пронајдете фирма во која ќе се чувствувате гордо кога ќе кажете дека таму работите“, вели Велш.
4. Чувствувате дека е време да започнете свој бизнис
Ако наутро, попладне и навечер размислувате да започнете своја работа, тогаш е време да ја напуштите работата. Ако имате идеја разработете ја, ако немате, почекајте со отказот додека не сфатите што сакате.