Чистач на чевли 30 години собирал пари од бакшиш, потоа со парите направил нешто неверојатно

ИЗВОРСкопје24
|

Добродушноста на Алберт Лекси ќе ви го згрее срцето. Приказната за овој чистач на чевли го освои светот и инспирира илјадници лица да им подадат рака на оние на кои им е потребна помош.

Имено, Лекси 30 години ги штедел парите од бакшиш, а потоа ги донирал собраните 200.000 долари за лекување на болни дечиња.

Хуманиот маж секое утро во вторник и четврток патувал со три автобуси за да стигне до детската болница во Питсбург, каде чистел чевли за 3 долари. Тој користел кутија со алатки која ја изработил во школо кога имал 15 години.

Лекси заработувал само 10.000 долари годишно од овој ангажман, но сепак, бакшишот го тргал настрана за да собере поголема сума со која би им помогнал на мали пациенти.

Средствата тој ги донирал во 2013 година за деца кои немаат здравствено осигурување, за сите пациенти, без исклучок, да можат да ја добијат медицинската помош која им е потребна. „Само сакам да ги видам децата како оздравуваат“ – изјавил тој.