Потребни состојки: За основата: 150 грама кекси 100 грама путер 2 лажици какао За кремот: 300 грама чоколадо за готвење, 500 грама маскарпоне, 200 грама шеќер во прав, 250 милилитри шлаг пена.
Начин на подготовка: Стопете го путерот и искршете ги кексите на ситни парчиња (можете и да ги смелите за да добиете ситен прав), па ставете ги во него. Обложете калап за торта со хартија за печење, па сипете ја основата од кексите и путерот.
Подгответе ја шлаг пената според упатствата на пакувањето, додајте ѝ го маскарпонето, шеќерот во прав и растопеното чоколадо за готвење (внимавајте да не биде претопло, потребно е да биде само малку млако). Мешајте додека не добиете мазна смеса и потоа прелијте ја на основата со кексите.
Прекријте го калапот со нешто, а потоа ставете го во фрижидер. Оставете ја тортата да отстои неколку часови за целосно да се олади.
Дополнителен совет: Од чоколадото за готвење можете да направите и глазура која потоа ќе ја прелиете преку тортата. За декорација, слободно можете да наредите и парчиња од своето омилено овошје или какви било јатки.