Чолиќ се почести со луксузен пентхаус – Стаклен базен, 2 спа центри, теретана и хелиодром

ИЗВОРНов Лист
|

Станува збор за комплекс кој се уште е во изградба.

Еден од најпопуларните пејачи чија кариера трае со децении, ненадминатиот Здравко Чолиќ, наводно имал луксузен имот на Златибор, пишуваат медиумите.

Станува збор за стан кој наводно се уште е во изградба, а се работи за голем, најсовремен пентхаус стан со поглед на целиот Златибор.

Според вработените на изградбата на овој објект, ова ќе биде најмодерниот и најбогат објект не само на Златибор, туку и во овој дел на Србија. Тоа ќе биде првиот комплекс со 4 нивоа подземни гаражи, ќе има голем ресторан, хотелски менаџмент и рецепција на влезот во комплексот, но и хелиодром на покривот, детска игротека и други содржини, пренесуваат медиумите.

Покрај наведеното, Здравко Чолиќ ќе може да ужива и во два СПА центри, како и во стаклен базен.

Има и опремена теретана на повеќе од 200 м2, криокомори и барокомори, а познато е дека Чола многу внимава на здравјето и кондицијата и е чест корисник на хипербарични комори, па се претпоставува дека тоа е една од причините зошто се решил на оваа зграда на Златибор.

Наводно, меѓу купувачите има и други јавни личности, кои ќе бидат соседи во елитниот планински комплекс.