Дали би пробале вакво нешто? Овој помалку чуден рецепт се нашол во југословенскиот „Голем народен готвач“ кој е издаден во 1983-та година во Љубљана. Во многубројните традиционални чорби од овие простори, се нашол рецепт за чорба од гулаби.
Оние кои ја пробале велат дека нејзиниот вкус е неодолив и потсетува на пилешка чорба, а на вас останува дали ќе ја пробате бидејќи речиси никаде не се служи во рестораните.
Рецепт за чорба од гулаби: Два гулаби исчистете ги од пердувите и во внатрешноста и исечете ги на четвртинки. Во тенџере ставете путер. Кога маста ќе се загрее ставете зеленчук за супа (морков, пашканат, целер…).
Зеленчукот за супа пржете го додека не омекне. Потоа во запржениот зеленчук додадете го месото, добро измешајте па за време на пржењето ставете топла вода во тенџерето. На крај додадете уште еден литар вода колку што е потребно за чорбата.
Чорбата зачинете ја со три лажици кисела павлака и сок од лимон.