Едно дете од Белгија на осумгодишна возраст го завршило средното училиште и се запишало на факултет, пишува “BBC”.
Коефициентот на осумгодишниот Лаурент Симонс изнесува 145, а средношколската диплома ја добил откако четивото кое редовните ученици го усвојуваат во текот на шест години, тој успеал да го совлада за само 18 месеци.
Белгиската радио станица “RTBF” открива дека омилениот предмет на Симонс е математика бидејќи “таа е опширна, има статистика, геометрија и алгебра”. По завршувањето на средното училиште, младиот Лаурент ќе замине на двомесечен заслужен одмор, а потоа ќе почне да посетува и факултет.
Неговиот татко објаснил дека Симонс никогаш не го интересирале играчки и дружење со другите деца.Лаурент вели дека размислувал да стане хирург или астронаут, но дека сепак одлучил да се занимава со компјутери.
“Доколку утре се предомисли и одлучи да стане столар, ќе го поддржиме – најважно нѝ е тој да е среќен”, изјавил гордиот татко.