ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА НОСИ СТРАШНО НЕВРЕМЕ: Освен во Битола, град со големина на огромни џамлии паѓаше во Охрид и Струга- Невремето се движи кон исток и североисток!

ИЗВОРНов Лист
|

Нашата теририторија се наоѓа влијание на изразена циклонска активност, и под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, па така во поголем дел од Македонија во следните часови, но и утре ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде со поголем пречник. Температурите во текот на утрешниот ден ќе опаднат за енколку степени, но и понатаму ќе биде топло.

Инаку освен во Битолско, попладнево СТРАШНО НЕВРЕМЕ го зафати и Охридско – Струшкиот регион, условувајќи интензивни врнежи од град и тоа со големина на огромни џамлии.

Невремето можно е да услови и локални поплавувања, па затоа граѓанитее да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Нестабилноста и влажната воздушна маса е со правец на движење од југозапад кон североисток и исток. Локална изразена нестабилност и НЕВРЕМЕ е можно и во делови од Скопската котлина.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од страшното невреме во Охрид: