Ципрас на гости кај Заев во Струмица

|

Грчки „Катимерини“ објави дека поранешниот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, на покана на Заев, требало да оствари приватна посета на поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица.

Како што известува грчкиот медиум, повеќе детали за средбата не се соопштени.

Ципрас и Заев кога беа на функциите премиери на Грција и Македонија, го потпишаа Преспанскиот договор. Тие од тогаш се добри пријатели.

На Конгресот на Сириза одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата.