Вчера поголем број на членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на своите профили на социјалните мрежи објавија дека на претседателските избори ќе ја поддржат професорката Гордана Сиљановска и поради тоа се соочија со голем број на негативни коментари од корисниците и нивни поддржувачи.
Неколку часа по обавувањето на овие информации јасноста со жестоки реакции и коментари на објавите ги нападнаа функционерите по што беа принудени да ги избришат своите профили на социјалните мрежи.
Покрај професорката Сиљановкса други кандидати за претседател на Македонија се: Никита Шекуткоски, професор на ПМФ, Ѓорѓи Манасков, машински инженер, Васко Костов, фармацевтски техничар, Влатко Ѓорчев, пратеник, Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет, Филип Петровски, поранешен директор на Архив на РМ, Горан Ангелов, поранешен градоначалник на Виница и пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки.
Во коментар кажете ни го вашето мислење по ова прашање!