Црн петок за тревниците во Карпош, но и за 93 несовесни возачи

|

Комуналните редари синоќа имале полни раце работа спасувајќи ги зелените површини низ две скопски населби каде несовесни возачи се паркирале каде што не им е место.
Инспекторатот на Град Скопје вчера изрекол 93 казни за паркирање на јавни површини и зеленило во најавената акција против уништувањето на блоковското зеленило во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Дополнително, пајакот и сообраќајната полиција имале уште 24 подигања и дополнителни казни за посетителите на Сити Мол за време на познатиот Black Friday.

Секоја година на овој ден граѓаните од околните згради на Сити Мол се жалат на уништени тревници, тротоари и урбана опрема, како и оштетени возила и дрвја. Затоа, градскиот инспекторат оваа година најави акција за казнување неколку дена однапред која заврши со досега рекордни бројки.

Градските и општинските служби повторно ќе ги реконструираат тревниците, но апелират на поголема одговорност од граѓаните и посетителите на околните трговски центри.