Црниот дијамант со мистериозно потекло од вселената ќе се продава на аукција

|

Црниот дијамант Enigma, тежок неверојатни 555,55 карати, се продава на повеќедневна аукција во Sotheby’s што започнала вчера во Лондон.

Сотби објави дека тоа е најголемиот фацетиран црн дијамант што некогаш се појавил на аукција и дека е најголемиот исечен дијамант во светот според Гинисовата книга на рекорди од 2006 година. Познат и како карбонадо дијамант, а можно е црниот дијамант да потекнува од вселената.

Таква дијамантска структура е пронајдена само во Бразил и Централноафриканската Република, а научниците долго време теоретизираат за нивното потекло. „Тие се обвиткани со мистерија за нивното потекло или формирањето, бидејќи ги нема многу на Земјата“, изјавил за Ројтерс геологот Арон Селестијан, куратор за минерални науки во Природонаучниот музеј во Лос Анџелес.

Селестијан вели дека повеќето карбонати се стари 2,6 до 3,2 милијарди години. Со оглед на тоа што самата Земја датира од пред 4,65 милијарди години, карбонадото се формирало кога земјините плочи сè уште се движеле и кога се одвивала оксигенација на атмосферата, рече тој.

„Мислиме дека тие можеби се формирале многу длабоко во Земјата, многу подлабоко отколку што веќе знаеме за дијамантите. Постојат хипотези кои сугерираат дека тие потекнуваат од точките на удар каде што голем астероид удрил во Земјата“, рече Селестиан.

„Постојат и меѓуѕвездени хипотези кои сугерираат дека потекнуваат од вселената, а потоа паднале на површината на Земјата“, додаде тој. Се очекува да се продаде за помеѓу 4 и 7 милиони долари. Сегашниот сопственик го поседува веќе две децении, но пред тоа малку се знае за неговата историја.

Селестијан верува дека истражувањето на дијамантите може да ни каже многу за минералогијата на длабоката Земја или за еволуцијата на нашиот Сончев систем. Аукцијата завршува на 9-ти февруари, објави Би-Би-Си.