Пејачката Сека Алексиќ го прослави својот 41 роденден и ги воодушеви сите кога објави видео од забавата.
Сека се потрудила се во нејзиниот семеен дом да блесне, па подготвила златни чинии и прибор за јадење, како и грандиозна торта. Тортата беше црна со златни детали, црвени рози и иницијали од името и презимето на Сека.
Она на што сите посветија посебно внимание е стајлингот на пејачката во кој блесна. Сека облекла краток син плишан фустан кој ја истакнувал нејзината фигура.
За одличната забава и многуте хитови се погрижи пејачот Драги Домиќ и пријателката на Сека, пејачката Слаѓа Алегро.
Пејачката не ја симна насмевката од лицето.