Во Македонија се до крајот на оваа, но и во текот на следната недела продолжуваат екстремно високите температури на воздухот и големиот топлотен Африкански бран. Температурите ќе бидат значително над просекот.
Во најголем дел од Македонија температурите ќе надминуваат 35 степени, на повеќе места тие ќе се искачуваат и до 40 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат 40 степени, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 42 до 44 степени. Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност (вредност 10), па затоа апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.
Оние кои мораат да работат, да избегнуваат работата да ја вршат директно на сонце.
Времето и во следните седум до десет денови ќе биде стабилно и суво, без врнежи.
Во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу, а повремено и над 40 степени.
Ноќите на повеќе места ќе бидат тропски, што значи дека температурата нема да се спушта под 20 степени.
НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, понекаде можно е тие да се искачуваат дури и до околу 60 степени.
Поради ваквата состојба, ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија, активираме црвен метео аларм.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!