Чудо во Сушево: На сон и се јавил Св. Георгиј со порака дека има спас за нејзиниот живот

ИЗВОРСкопје24
|

Во 2005 година Дубравка Делева, од Сушево, била на на крајот од својот живот, нејзините најблиски го очекувале најлошото, кога на сон и се јавил Св. Георгиј со порака дека има спас за нејзиниот живот.
Ја искачил на ридот над нејзиното село Сушево и ѝ го покажал местото каде требало да остави дар за Бога. Една недела Дубравка не можела да стане од постела, болките се зголемувале, а здравјето ја напуштало се повеќе и повеќе.

Местото кое го сонила не било далеку, на десетина минути пешачење, а по краткиот пат со соседката стигнале на сонетата локација. Било полно со трње и плевел, но токму на тоа место кое на сон и го покажал големиот великомаченик, Дубравка го оставила дарот и за миг застанала на нозе. Во Божјото чудо не можела да верува ниту самата. Трчајки заминала сред село како никогаш да не била болна, пишува струмица денес.

Од тогаш започнав нов пат, нов начин на живот, вели Дубравка која додава дека Св. Георгиј повторно го сонила.

Новиот сон бил со нова порака. На местото каде го оставила дарот Дубравка добила задача да ги пронајде темелите на стариот манастир и да изгради соба во која на празникот ќе може да доаѓаат сите верници. Благодарна за новата шанса за живот Дубравка го исполнила ветеното. За кратко со семејството подигнале соба во која секоја година веќе една деценија се празнува името на Св. Георгиј. Кратко по градбата, со семејството успеале да ги пронајдат темелите на стариот манастир.’

Бев пред крајот на животот, но никој во семејството не веруваше во мојот сон. По една недела на посета дојде мојата соседка на која и го раскажав сонот, таа ме крена на раце и заминавме да го бараме местото кое ми го покажа Св. Георгиј, раскажува Дубравка.Успеав да ги изведам на виделина ѕидините кои пред дамнешни години биле симбол за ветата христијанска. Се што видов на сонот постои, тоа е потврда за мојата силна вера во Бога, вели Дубравка.

Копајки во земјата која во вековите наназад го покрила светиот храм, таа и верниците кои доаѓаат во село Сушево биле сведоци на уште три чуда. На три различни празници, тројца различни верници кои помагале во работата ги пронашле ликовите на светци на три камења. Едниот од нив Св. Јован, мајката Божја и Св. Георгиј.