2018 година ја одбележаа тажни, но и многу убави и среќни настани.
Меѓу оние посреќните го издвојуваме настанот кој ја направи Македонија горда, денот кога херојот Марко Пејчиновиќ со неговите 12 години и направена операција на колкот собра сили и го преплива Охридското езеро во еден ден.
Цел регион и светот слушнаа за чудото од дете кое ја враќа вербата во животот.
По повод овој настан неодамна тој изјави:
„Ногата не ме болеше. Не сакав воопшто да излегувам од вода и да правам пуаза. Кога огладнев, сакав да јадам во вода, но не можев од брановите. Само тогаш, влегов во кајче на една минута, набрзина јадев и се вратив во езеро“.
Марко Охридското езеро го преплива од 9.30 до 18.15 часот.
Претседателот Иванов го прими Марко и рече дека овој негов херојски подвиг заслужува големо внимание и почит и претставува позитивен пример и мотив за сите млади и талентирани.
„На свои дванаесет години Марко е европски и светски шампион кој покажа извонредна храброст, пожртвуваност и упорност својствени за врвните спортисти. Ти си наша заедничка гордост. Ти посакувам уште многу идни спортски успеси со кои ќе се гордее Република Македонија, рече претседателот Иванов“.