ЧУДОТВОРНИ ВОДИ НА МАКЕДОНСКИТЕ МАНАСТИРИ: Лекуваат, подмладуваат, ја кршат несреќата…само не одете во вторник!

ИЗВОРСкопје24
|

Самовилските Води с. Зубовце

Тесен црн пат под кој тече реката Пчиња, а на километар од изворот насекаде има обесени маици, панталони, чорапи, по голите гранки на дрвјата. Од двете страни на црниот угорничав пат што води до мистериозниот кладенец, оставани се пластични чаши, чевли, шишиња и се што им се нашло при рака на луѓето кои го посетиле местото.

Велат, кој ќе се напие и измие од Самовилските Води кај Зубовце ќе оздрави и ќе закрепне. Водата ќе му ја скрши несреќата, оти кладенецот и се околу него имаат некоја виша сила, натприродна моќ. Таа, според легендата, доаѓа од самовилите кои одреден ден во неделата се бањаат во кладенецот кој потсетува на мал базен, вдлабнат во карпа. Па оттаму, кажуваат жителите на Зубовце, изворот бил наречен Самовилски Води. Некои парчиња од закачената облека се стари и по неколку години. Тие се излитени и искинати. Се гледа дека некои биле обесени на гранките пред само неколку дена. Нема грмушка или дрво на која не висат партали.

Според верувањето, облеката или некои други предмети луѓето ги оставаат таму за здравје и среќа кога доаѓаат да се напијат или да се измијат со водата. Ништо не се променило од минатото. Како што било и пред пет века така е и сега, од човек на човек се пренесува аберот за лековитоста на водата.

Таму ноќта меѓу четврток и петок се миеле самовилите, па затоа водата во изворот била најлековита пред изгрејсонце во петок. Покрај тоа што се мијат и ја пијат водата, луѓето оставаат и нешто бакшиш или облека. Според верувањето, кога ќе се соблечат да го измијат болниот дел од телото, старите алишта ги оставаат засекогаш таму и си облекуваат нови.

Мештаните од селото, кое е само на еден километар од изворт, со стравопочит раскажуваат за многу необични случки поврзани со Самовилските Води. Пред неколку години, еден вторник на изворот дошла некоја жена. Било ноќ и таа сакала да си наполни вода. Одеднаш нешто силно ја повлекло и ја потопувало во водата, па ја вадело надвор, се така неколкупати. Тогаш силно ја фрлило дури горе на патот. Жената, иако не видела никого, сепак слушнала глас: “Во вторник не се доаѓа тука”, и рекло привидението.

До кладенецот, пред околу година и пол, од камен била изградена и малечка куќичка. Во неа се чуваат еден куп лејки во кои им се става водата на луѓето што дошле да го бараат лекот. На неа има закачено табли на кои пишува – Водата е отворена само во петок и во недела. Само на неколку метри над кладенецот, до едно старо дебело брестово дрво, исто од камен е изграден и олтар. Таму има неколку икони од Богородица, света Петка и од света Недела. Тука луѓето оставаат пари и палат свеќи.

Ле­ко­ви­та во­да во „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“

Рас­пос­ла­но на јуж­ни­те па­ди­ни на Вод­но, источ­но од ре­ка­та Тре­ска, во не­по­сред­на бли­зи­на на Скоп­је, а се­пак да­ле­ку од град­ска­та вре­ва, ме­ѓу Све­та Пе­тка, Сол­ње, Ба­ро­во, Осин­ча­ни и Чиф­лик, из­ви­ра, ка­ко што мно­гу­ми­на го на­ре­ку­ва­ат, цен­та­рот на европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја, кро­тко­то и ти­вко Го­вр­ле­во. Се­ло­то бо­га­то со исто­ри­ја и со ми­сте­рии е ре­чи­си на­пу­ште­но уште во ми­на­ти­от век, а са­мо три пре­о­ста­на­ти ог­ни­шта му пр­ко­сат на за­бот на вре­ме­то и на не­ми­ло­срд­но­то остри­ло на ци­ви­ли­за­ци­ја­та и све­до­чат за не­кои по­и­на­кви слу­чу­ва­ња.

Во под­нож­је­то на ри­дот со ма­на­стир­ски­от комп­лекс, под ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Го­вр­ле­во, во бли­зи­на на Дол­но Сол­ње, се на­о­ѓа цр­квич­ка­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, ко­ја е поз­на­та ме­ѓу вер­ни­ци­те по ле­ко­ви­та­та во­да што из­ви­ра во неј­зи­ни­от ол­та­рен дел.

Из­гра­де­на во по­но­во вре­ме, 1936 го­ди­на, на ме­сто на кое из­ви­ра­ла во­да, оваа цр­ква е дел од прес­но­то се­ќа­ва­ње на жи­те­ли­те на окол­ни­те се­ла.

Из­во­рот со во­да­та за ко­ја мно­гу­ми­на ве­ру­ва­ат де­ка е ле­ко­ви­та се на­о­ѓа во цр­ква­та. Огра­ден во фор­ма на крст, тој е ло­ци­ран точ­но во ол­та­рот на пра­вос­лав­ни­от храм по­све­тен на све­ти­те Куз­ман и Дам­јан, под фре­ска со мо­ти­ви на кои се при­ка­жа­ни вер­ни­ци пред чу­до­твор­на­та во­да.

Во­да за подм­ла­ду­ва­ње

На са­мо не­кол­ку ме­три од не­ти­пич­ни­от храм со ле­ко­ви­та во­да во ол­та­рот, се на­о­ѓа уште ед­на чеш­ма, спо­ред мно­гу­ми­на, со чу­до­твор­на моќ. Се ве­ру­ва де­ка во­да­та за подм­ла­ду­ва­ње, ка­ко што ја на­ре­ку­ва­ат, бла­го­твор­но по­ма­га при ос­ла­бен иму­ни­тет и де­ка си­те што пи­е­ле од неа по­чи­на­ле од ста­рост, а не од бо­лест.