ЦУК: Над 1.000 повици за итни ситуации по невремето во Скопје – Еве за што има најмногу пријави

ИЗВОРНов Лист
|

По обилните врнежи од дожд и силниот ветар кои вчера го зафатија Скопје околу 16:50 часот, во текот на вечерта и ноќта на телефонскиот број 195 како и преку бројот за итни повици 112, беа примени и проследени околу 180 пријави:

Паднати дрва: 40, поплавени простории од објекти: 80, оштетени возила: 20, поплавени улици и подвозници: 20, оштетени кровни конструкции: 15, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со струја: 5.

Сите овие пријави и проблеми за нивно решавање редоследно по приоритет беа проследени до: БППЗ, Градот Скопје, Општините и Јавните претпријатија во Градот. Во утринските часови состојбата е нормализирана сите булевари и подвозници се расчистени и оспособени за нормално одвивање на сообраќајот, а останатите штети ќе се расчистуват во текот на денешниот ден.

Според информациите на  ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вечерта и ноќта со цистерни и вакуум цистерни работеа на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници ) и исто така по пријави на граѓани на уште 40 – тина други места. Според нив, утрово состојбата е нормализирана.

Дефектите во електросистемот настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината во текот на ноќта се отстранети, известија од ЕВН.

Според известувањето од Сообраќајната полиција како и ЈСП „Скопје“ од околу полноќ состојбата на сите сообраќајници е нормализирана и утрово сообраќајот и јавниот градски превоз се одвивива нормално.