|
Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до земјоделците и сточарите да не се палат стрништа, пасишта и оган при престој во природа, а пожарите да се пријавуваат веднаш на бројот 112.
ОД ЦУК укажуваат дека за време викенд има најмногу пожари на отворено. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека сериозни врнежи нема подолго време и не се очекуваат барем до утре, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури сè уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите.
Во досега изгаснатите пожари низ целата држава, гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади.