Чувар од болести: Денес се празнува Светиот свештеномаченик Харалампиј

|

Денешниот ден e посветeн на Светиот свештенома ченик Харалампиј.

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настанастрашното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера.

Сите ма ки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина.

Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка.

Осуден на најголема казна и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“

После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џел атот ме чот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го пог реба.

Овој светител меѓу народот е познат и како Чуминден.

Поврзан е со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува со чумата зошто таа се смета за најоп асна болест, а народот верувал дека тој е пазител од чум ата која ја соборил и победил, а тоа бил ѓаволот .