Цвеќето никогаш нема да ви овене и нема да има жолти листови: Помешајте ги само овие три состојки!

ИЗВОРНов Лист
|

Ако вашето цвеќе е бeзживoтно, листовите oтпaѓаат или се пожолтени, ова е вашиот среќен ден, бидејќи ви претставуаме рецепт за препарат кој сигурно ќе ги врати во живот вашите билки.

Потребно ви е:

Една кора од банана

Лажица мелено кафе

Лушпа од едно јајце

Сосотјките ставете ги во блендер и пpeлијте ги со литро вода. Сето тоа добро измиксајте го. Добиената смеса со лажица сипете ја по билката. Резултатите ќе ве воодушеват.

Нема да ви влезе мува дома – не го поднесуваат ова, ставете го до прозорците и вратите
Мувите се многу досадни и тешко се бркаат кога ќе влезат дома, ја напаѓаат храната, а тоа секако сакаме да го спречиме, но за среќа има природно решение.

Босилек е нешто што не можат да поднесат. Ставете го блиизу вратите и прозорците и нема да ви влезе мува дома. Не сакаат ни лаванда, па и таа е замена за босилокот.

Како што времето се затоплува и полека ни доаѓа пролетта, се појавуваат и првите проблеми во домот – инсектите. Ако сакате да не видите ниту мравка оваа пролет и лето, се што ви треба е овој трик од кујната.

Доколку дома или во дворот ви се појават мравки средствата за да ги отстраните може да се многу скапи, а и треба време, а сите знаеме колку е непријатно кога по дома ни шетаат мравки или уште полошо кога тие се собираат на секоја трошка или храна која ни паднала на подот.

Она што треба да го знаете е дека тие не поднесуваат мирис на нане. Па така за да се ослободите од нив ставете нане по ќошевите од домот или во двор и верувајте веднаш ќе ги избркате.

Доколку тоа не ви успее еве уште неколку трикови со кои можете да се обидете, а сите се евтини и се прават со природни состојки.

Оцет
доколку мравките се појавиле во кујната направете раствор бел вински оцет и вода 50 / 50 и пребришете ги сите површини, долапи и сите други места каде што сте забележале мравки. Повторете го тоа неколку пати во еден ден за да се осигурате дека ќе е ефикасно.

Зошто овој метод функционира – поради две причини, мравките мразат мирис на оцет. Втората причина со оцетот се дезинфицира местото и се отртрануваат и трагите кои мравките ги оставаат за да се движат. Дали сте забележале дека сите мравки се движат по една линија како војска – тоа е поради тие траги, сите ги следат. Доколку ги отстраните тие се дезоирентирани и нема да се движат во чопор.

Билки / Зачини
посипете цимет, ментол, чили пиперка, црн пипер, каранфилче или лук – што и да имате од ова дома – во областа каде што сте виделе мравки. Може да посипете малку и во фиоките за да ги држи понастрана мравките.
Зошто: Многу растенија – вклучувајќи ги и оние наведени – даваат исклучително силен мирис кои ги одвратува мравките и другите инсекти

Креда – или бебешки пудер
Нацртајте линија со креда или посипете бебе прав на местото каде што мравките влегуваат вашиот дом.
Зошто овој метод функционира : состојка во двете и во кредата и во прашакот е талк кој е отровен за мравките и го избегнуваат.

Боракс
Се меша заедно еднакви делови боракс и сируп или желе. Потоа, ставете на местото каде што се мравките.
Зошто: боракс е штетен за дигестивниот систем на мравките и за нивните надворешни скелети, кога ќе го консумираат, умираат.

Мелено кафе

Посипете го исушениот талог од вашето кафе во градината и околу вашата куќа.
Зошто: Мравките не сакаат јаки мириси, а мирисот на кафе е еден од нив.

Краставица / или лушпи од цитрус овошје ( лимон, портокал)
Оставете корупки од овие овошја на местата каде сте ги забележале мравките.

Зошто: Краставица и цитрусни лушпи се токсични за некои видови на габи со кои се хранат мравките, а поради тоа и мравките избегнуваат места каде има вакво овошје.

За да сте сигурни дека нема да се вратат – најдете каде им е седиштето и уништете го така што ќе истурите зовриена вода ( за да се урнат тунелите) помешано со една лажичка сол ( за да ги дезоирентирате)

Доколлу кратерот е видлив направете дупка во него сипете сода бикарбона и оцет.