Д-р Даниловски со препорака: Да ги затвориме границите

|

Македонија треба да преземе нови мерки поради новиот сој, да ја ограничи работата на клубовите и кафеаните и да ги затвори границите на неколку недели за да се забави инвазијата на новата варијанта, вели епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Даниловски вели дека нема да можеме да го спречиме сојот да влезе во Македонија, бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

Сега веќе повторно доаѓа предвид строго да се инсистира на маски и на растојание во затворен простор… кафеаните и клубовите, ако се влоши епид*миолошката ситуација, доаѓа предвид и да се затворат, но мислам дека засега е доволно да се направат ограничувања на бројот на гостите, вели епиде*иологот, според кого Македонија треба да го следи примерот на Израел.