Томе Јанев е младо момче (29 години) од Струмица, кое неодамна се соочи со дијагноза, болест на моторниот неврон или ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis).
2019 ја започнавме со лоша вест за здравствената состојба на Томе. На 29-годишниот струмичанец му беше дијагностицирана ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis), болест на моторниот неврон. Болеста е во почетна фаза, но доколку не му се помогне навреме, последиците од неа може да бидат катастрофални, преку целосна атрофија на мускулниот систем.
Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години.