Да опстанеше СФРЈ, просечната плата ќе беше 736 евра и ќе бевме во ЕУ

ИЗВОРСкопје24
|

Југоносталгијата на овие простори се’ уште е присутна. Токму затоа, големо влијание привлече еден текст објавен во 2011 година во Press Online за последиците од рапсаѓањето на заедничката држава кој до ден денес постојано се реобјавува од страна на интернет порталите во регионот.

Фокусот во текстот беше ставен на економските перспективи на Југославија, односно даваше одговор на прашањето како би изгледала Југославија денес на економски план, доколку секако, опстанеше.

Просечната плата би била 736 евра

Доколку не се распаднеше СФРЈ пред дваесетина години, денес ќе живеевме во конфедеративна Југославија која уште одамна ќе беше членка на ЕУ и НАТО. Стандардот би бил значително подобар, со просечна плата од 736 евра по жител. По економскиот потенцијал, ќе се наоѓавме некаде помеѓу Грција и Австрија.

Демографските проекции велат дека денешната Југославија би имала околу 22.5 милиони жители.

БДП би бил за 80 милијарди евра поголем отколку сега

БДП на ниво на сите земји од поранешна СФРЈ пред седум годин изнесуваше околу 280 милијарди евра. Според истражувањето на Press Online, доколку останевме една држава таа економска категорија ќе изнесуваше дури 360 милијарди евра.

Ќе имавме значително поголема заработка, повеќе вработени, значително помалку невработени, поголемо ниво на производство, извоз и БДП. Само доколку опстанеше заедничката држава.

Кој изгуби најмногу?!

Постојат точни податоци за финансиските загуби на секоја земја како последица од распаѓањето на СФРЈ, а според нив најголем губитник е Србија која изгубила дури 400 милијарди евра.

Според овие податоци, Македонија изхубила 20.8 милијарди долари што е повеќе од Словенија и Хрватска заедно.