Да помогнеме на Лена – Би сакала да имам барем чизми и јакна и да пробам хамбургер

ИЗВОРНов Лист
|

Потребна е помош на малата Лена од Гостивар, нејзината баба Ленка и мајка и Весна.

Емисијата „Срце на дланка“  пренесе за нивната тешка состојба, во која ова тричлено семејство живее. Тие бараат помош од сите хумани граѓани.

– Со сопругот се запознавме во Кичево, тој беше таксист и кога се зедовме, не видовме некој добар живот, со една минимална плата тоа е, рече Весна, која апелира за помош за да нејзината ќерка не го живее истиот живот како и таа.

Малата Лена несомнено се соочува со многу тежок живот, да и овозможиме нејзините скромни желби да станат ралност.

Лена скромно вели дека би сакала да има детска соба, и барем чизми и јакна, исто така да јаде хамбургер, последен пат јадела кога татко и  бил жив.

Доколку сакате да и помогнете на малата Лена и на нејзиното семејство тоа може да го сторите на бројот 078562116 или на трансакциската сметка: 290500010519773.