Мариналеда е мал град во Андалузија, на самиот југ на Шпанија.
Иако и самата географска положба го става овој град на листата на посакувани дестинации за живот, платите изнесуваат околу 1200 евра додека киријата изнесува само 15 евра.
Жителите на Мариналеда без воздржување ги изразуваат своите политички уверувања, во градот нема блескави реклами и огласи, а ѕидовите и улиците ги красат графити со политички пораки.
Улиците ги носат имињата на славните борци за човекови права, а сите одлуки во градот се донесуваат по демократски пат на неделните состаноци. Додека остатокот од Шпанија “мака мачи” со невработеноста, во Мариналеда е остварена речиси целосна вработеност. Просечната плата изнесува 1200 евра месечно, додека цената на кириите е околу 15 евра.
Еднаш месечно во градот се обележува т.н. “црвена недела” кога некој на состанокот изнесува идеја за тоа како градот би можел да стане уште подобар и поубав. Доколку идејата се прифати, волонтери ја извршуваат истата. Некогаш станува збор за чистење на улиците или за поправка на домовите. Градот има и своја телевизија и радио-канали, полицијата не постои бидејќи нема ни криминал.
Во Мариналеда, жителите сами ги градат своите домови, а право на изградба добива секое лице кое најмалку две години живеело како регистриран жител на градот. Тогаш од локалните власти добива материјал потребен за изградба на домот, а откако ќе се изгради, тој започнува да ѝ плаќа 15 евра месечно на владата за да се рефундираат трошоците на користениот материјал. Освен тоа, власта напомош испраќа и професионални градежници и архитекти кои помагаат во изградбата. Меѓутоа, еднаш изградената куќа не може да се продаде со што се спречува можноста од профитирање.
Градоначалникот на Мариналеда го искористил својот имунитет за да учествува во големите акции за крадење на храна од супермаркетите, која потоа била делена помеѓу сиромашните. Тој напоменал дека е срамотно тоа што 30 отсто од населението на Андалузија нема пари за леб додека истовремено се фрла храната од маркетите.
Гратчето кое со своето потекло и борбата против капитализмот го привлече вниманието на јавноста, исто така претставува и совршено место за живот.