Дадилката на Новак Ѓоковиќ открива: Какви родители се Јелена и тој

|

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара на кои се максимално посветени, а доказ за тоа е дадилката која има можност да биде зад затворени врати во домот на славниот тенисер.

Јелена Ѓоковиќ одвреме-навреме и јавно зборува за воспитувањето на децата, а дека таа и Новак се посветени родители потврдува и тоа што дадилката на нивните наследници истакнала дека речиси и не им е потребна. Новак често е далеку од дома и не може секогаш да ги носи своите најблиски на патувања, особено оние далечните. Јелена е таа што ја презема главната улогата на семејството. И апсолутно ужива во тоа.

Таа и Новак се поддржувачи на веганската исхрана, тие се обидуваат да им пренесат здрави навики на своите деца. Иако имаат помош дома, Јелена често им подготвува вкусни јадења. Некои од нив можеме да ги видиме на Инстаграм, а нејзиниот пример го следат многу мајки.