Дадилката на децата на Тања Савиќ открива тајни од домот на пејачката, но поради една причина веќе не работи за неа

ИЗВОРСкопје24
|

Поранешната дадилка на синовите на пејачката Тања Савиќ, признава зошто повеќе не ги чува децата. Тања ги има синовите Ѓорѓе и Максим, а дадилката сакала повисока плата.

-Таа редовно ми плаќаше, но мислам дека заслужувам повеќе бидејќи плаќав за превоз, а се’ е поскапе, и јас школувам деца, а времињата се тешки, меѓутоа, Тања не сакаше да ми излезе во пртесрет, вели дадилката, која признава дека сепак ништо лошо не може да каже за пејачката.

-Многу е фина и добра, но се повлече. Се држи во сопругот и децата, убаво се согласуваат, го живеат животот и избегнуваат луѓе бидејќи многу пати се изгореа. Само нејзината сестра доаѓаше во посета.

-Ја разбирам, многу плаќа за тие англиски училишта за децата, но сепак знам дека можеше да ми даде покачување. Јас само затоа заминав од кај неа, најдов поплатена работа, но да не ме сфатите погрешно, не ја критикувам, само дадов отказ бидејќи најдов друга работа, завршува дадилката.