Дал отказ како директор за да го оствари својот животен сон: Заработил милиони за само неколку месеци

ИЗВОРСкопје24
|

Девет години Дејв Вејнер работел во компанијата за софтверски консалтинг “Cole Systems Associates“, а секој ден до работа и назад патувал со велосипед, пишува Business Insider.

Како што растела компанијата, така неговите одговорности станувале се поголеми за на крај поради сите тие залагања и евидентни деловни успеси биде именуван за директор.

Токму тој факт шокираше многумина откако на 34 години одлучи да даде отказ од работното место директор. По се изгледа дека пресуден фактор за оваа одлука бил да се следи детскиот сон на Дејв. Вејнер е денес претприемач, директор и сопственик на стартапот “Priority Bicycles” којшто произведува велосипеди прилагодени за сите рекреативци. Се работи за велосипеди кои во пракса многу лесно се одржуваат, а имаат и непробојни гуми.

Долгогодишниот сон на Дејв се остварил, а неговата компанија за само 6 месеци остварила неколку милиони долари само од продажба. Дополнително, успеала да го привлече вниманието на најголемите имиња во бициклизмот. Велосипедите на “Priority Bicycles” се примамливи поради својот дизајн и едноставност. Имаат само три брзини и се без дополнитени надворешни делови, имаат едноставен систем на кочење без кабли и гуми кои се речиси неуништливи.

Интересно е тоа што овие велосипеди не чинат многу скапо! За само 400 долари може да си ги дозволи секој којшто бара квалитет без компромис.