Дали брашното има рок на траење? Еве како да препознаете

|

Предизвиците кои ги донесе светската економија ги натераа луѓето да се обезбедат со одредени намирници, а пред се со брашно. Токму рафтовите со брашно во продавниците преку ноќ останаа празни.

Сепак, не е лошо да знаете колку може да трае брашното, како да го чувате и како да го препознаете она кое веќе е неупотребливо.

Иако брашното е топлински обработена намирница само по себе содржи мал дел на влага, па така треба соодветно да го складирате. За да го продолжите рокот на траење на брашното може да го чувате во фрижидер, па дури и во замрзнувач. На тој начин може да му го продолжите рокот и за година дена, додека во замрзнувач и до две до три години.

Клучна улога игра видот на брашното, а најдолго трае обичното бело брашно, додека она со цели зрна, вклучително и интегралното има пократок рок на траење.

Како изгледа расипаното брашно?

Еден од најдобрите показатели дека брашното е расипано е мирисот. Доколку вочите дека брашното има непријатен остар мирис тоа значи дека не треба да готвите со него, иако рокот покажува дека се уште е употребливо. Но, важи и спротивното ако рокот на брашното поминал, а тоа е без мирис може да и натаму да се користи.

Дека е неупотребливо брашното може да покаже и неговата боја, или мувла или молци низ него. До појава на молци најчесто доведува висока влажност или висока температура, па затоа чувајте го на суво и студено.

Најдобра опција да го заштитие од инсекти е да го чувате во стаклени садови, а не во хартиени вреќички.

Топлината и сончевата светлина може да го расипат брашното и пред истекот на рокот, па така се препорачува да се чува подалеку од релната.