Дали е Душко зад ова? Карлеуша доби илјада рози на денот на вљубените

ИЗВОРНов Лист
|

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повеќе од еден месец е главна тема во медиумите.

Но, и покрај тоа што не ја објавуваат својата врска, последната објава на Јелена Карлеуша крие навестување дека сепак успеале да најдат заеднички јазик.

Имено, Јелена за Денот на вљубените во најмала рака доби букет рози бидејќи црвените рози буквално и го преплавија домот. Со широка насмевка на лицето таа позираше во море од цвеќиња, а многумина во овој подарок го препознаа џентлменскиот гест на Душко Тошиќ.

Иако се уште не се вратил во Србија, многумина мислеа дека тоа е негов начин да ја смири ситуацијата со сопругата и да подготви терен за разговори и прва средба, која допрва доаѓа.

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ трае веќе тринаесет години, а судејќи според последните најави на Јелена Карлеуша, двајцата сопружници имаат иницијатива да го решат конфликтот и да започнат љубов од почеток.

Сепак, дека розите се од Душко е само претпоставка на многумина кои го поддржуваат среќниот крај на оваа приказна, но парот се уште не се огласил во оваа прилика.