Странските медиуми шпекулираат дека холивудскиот актер Џони Деп наводно би можел да ја повтори улогата во франшизата на Дизни „Пиратите од Карибите“, откако поп гигантот му понудил на Деп неверојатни 301 милион долари за да се врати како култниот капетан Џек Спероу.
Деп ја напушти франшизата во 2018 година откако глумеше во пет дела, а „Пиратите од Карибите“ во тоа време постигна голем успех на бокс офисот, станувајќи еден од најпрофитабилните филмови на сите времиња.
Поротата неодамна откри дека Амбер Херд го клеветела Деп во текст објавен од „Вашингтон пост“ во 2018 година.
Инсајдер изјави за австралискиот портал Poptopic дека Дизни е „многу заинтересиран да ја поправи врската со Џони Деп“. Тие наводно го контактирале актерот пред неговото судење за клевета против Амбер Херд и го прашале дали би бил заинтересиран да се врати во уште еден или два филма.
Според „E! News“, извор поврзан со актерот наводно за NBC News изјавил дека „ова е измислено“ – но претставниците на Деп и Дизни се уште официјално не се огласиле.
Да потсетиме, откако Дизни реши да го отпушти Џони Деп, актерот изјави дека е разочаран и повреден, како и дека „нема да се врати кај Пиратите ниту за 300 милиони долари и милион алпаки“. Деп го повтори тоа за време на судењето со поранешната сопруга во Вирџинија.