Актерот Џорџ Клуни се соочува со докажување на татковство откако добил писмо во кое се вели дека е татко на вонбрачно дете, пишува „Гламур“.
Џорџ Клуни на домашна адреса добил анонимно писмо во кое се бара да направи тест за докажување на татковството, за да се утврди дали тој е таткото на петгодишната Ава чија мајка е Стејси.
Наводно, писмото го прочитала и Амал, а како што се наведува тоа ѝ предизвикало стрес. Датумот кога била зачната Ава се поклопува со датумот кога раскинале Џорџ и Стејси.
Магазинот Gossip Cop кој прв ја објави приказната, после ја демантираше. Во првиот пасус признаа дека трачот е потполно измислен и упатија извинување на семејството Клуни.
Освен тоа сосема е доволен само еден поглед на фотографијата на ќерката на Стејси за да сфатитете дека Џорџ не е татко на Ава.