Оваа оптичка илузија ги преплави социјалните мрежи и остави илјадници и илјадници збунети луѓе. Имено, на прв поглед изгледа како на илустрацијата да има само зелени листови; сепак, авторите на илузијата сокриле една жирафа, а ваша задача е да ја пронајдете.
Кога станува збор за пронаоѓање, токму тука стапива трпението со кое треба да се вооружите. На социјалните мрежи може да се прочитаат коментари на луѓето кои тврдат дека жирафата не постои и дека е невозможно да се најде.
– Се откажувам. Поминав два часа гледајќи ја илустрацијата и не видов ништо. Ме болат очите, но и мозокот – напишал еден маж.
Дали успеавте да ја забележите? Ако не, прочитајте го решението подолу.
Како што велат авторите на криенката, треба да се фокусирате на нешто друго додека илустрацијата стои пред вас. Тогаш, како што тврдат, ќе се појави жирафата.
Исто така, можете да се обидете да го ставите носот многу блиску до илустрацијата и полека да ги движите главата и телефонот, односно додека не видите жирафа која зазема повеќе од половина од сликата.