Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој по чина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица, така заклучила стручната комисија формирана од министерот за здравство. Беким Сали вели дека според извештајот кој му бил доставен од Комисијата, на младиот беровчанец навремено му била пружана лекарска помош, но инфе кцијата не можела да се спречи.
– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа целата компликација настанува поради системско проширување на инфек цијата во целиот организам на пациентот и не можноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфе кција, изјави Беким Сали, министер за здравство.
Што предизвикало сепса кај пациентот треба да покажат анализите на Институтот за судска медицина по направената обд укција. Овој извештај го чека и обвинителството, откако за случајот отворија предмет по допрен глас.