Дали јајцата треба да се чуваат во ладилник или не – што е полошо

ИЗВОРНов Лист
|

Јајцата речиси сите ги чуваме во ладилник за да не се расипат.
Сепак, главното прашање е дали има потреба за тоа. Јајцата всушност треба да се чуваат во фрижидер иако има многу мерки за заштита од салмонела и други бактерии, особено додека да дојдат до маркет.

Исто така и повеќето кокошки се вакцинирани во Европа од салмонела. Сепак, на собна температура не се чуваат повеќе од два часа. Добар апетит!

Ниту “јајце на око“ ниту кајгана: Еве како да придотвите “јајце на облак“
Сите знаеме колку се здрави јајцата, особено затоа што изобилуваат со протеини. Можеби варените јајца се најниско калорични, но затоа пак “јајцата на око“ се голем “грев“ за многумина коишто внимаваат на линијата и килограмите.

Сите знаеме да свариме јајце, да приготвиме кајгана или пак “јајце на око“, зарем не? Овие неколку верзии за подготовка на јајцето се едни од најчестите избори за појадок во светот. Но, дали сте слушнале за тоа како да испечете “јајце на облак“ ? Ние го имаме одговорот на Вашето прашање, а истиот пронајдете го подолу во рецептот.

Потребни состојки: 1 јајце и сол. Начин на подготовка: Одвојте ги белките од жолчките, а потоа белките изматете ги со помош на мискер се додека тие не се трансформираат во бела и цврста смеса. Земете една тепсија и обложете ја со хартија за печење, а потоа внимателно сипете ја смесата со белките.

Внимавајте при сипувањето да оформите гнездо од белките, а во средината ставете ги жолчките. Вака приготвените јајца посолете ги и ставете ги да се печат на 220 Целзиусови степени, на околу 5 минути.

Веруваме дека добивте одлично и иновативно испечено јајце, коешто ќе биде омилен појадок за многумина, а особено за најмладите генерации.