Дали ќе го замени Даниел Крег? Ирскиот актер кандидат за најпознатиот шпион на светот

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Џејми Дорнан, кој одигра забележителна улога во „Педесет нијанси на сиво“, треба да биде новиот Џејмс Бонд, кој го толкуваа Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан, Тимоти Далтон, Дејвид Нивен, Џорџ Лазенбери и Даниел Крег.

Џејми Дорнан се бори за улогата на Џејмс Бонд со Идрис Елба и Двејн Џонсон.

Џејми Дорнан истакна дека е малку загрижен за неговата потенцијална улога на Џејмс Бонд, бидејќи ја смета за култна. Тој призна дека е малку загрижен за коментарите на јавноста, а го спомна и колегата Роберт Патисон.

– Предрасудите се еден од најголемите проблеми, можеби болести на нашата култура, особено кога зборуваме за работата на актерите. Сетете се кога Роберт ја доби улогата на Бетмен, околу 90 отсто од реакциите беа негативни – изјави актерот Џејми Дорнан.

Актерот истакна дека имало многу негативни реакции кога актерот Даниел Крег ја добил улогата на Џејмс Бонд. Вознемирувачки е, но Даниел Крег беше брилијантен во својата улога и целосно ја промени енергијата на Бонд. Роберт Патисон го направи истото со Бетмен.