Пендаровски свика Совет за безбедност-Дали ќе има нови мерки?

ИЗВОРНов Лист
|

Со почеток во 12 часот утре, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ .

Покрај редовните членови на Советот, на седницата, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Се очекува да даде изјава, претседателот Пендаровски, по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.