Многу од работите кои ги купуваме воопшто и да не ги користиме. Дали некогаш ви се случило тоа со нешто што сте купиле?
„BrightSide“ собрал исповеди на луѓе за најбескорисните и најбесмилените работи кои некогаш ги купиле, а некои од нив веројатно сте ги купиле и вие. Сепак, доколку за нив тоа биле залудно фрлени пари, не значи дека истото ќе важи и за вас.
– Креветче за бебе. Четири години ми стои дома, откако се роди бебето. Зазема огромен простор, а не го користи никој освен мачките. Некогаш во него фрламе облека која чека да биде испеглана.
– Мојата девојка е луда по купување на кујнски апарати. Кујната ни е полна со некои вселенски уреди, разни блендери, миксери, тостери, а користиме само неколку лонци, тавче и неколку ножеви.
– Кога купувам некои работи кои се рекламираат на интернет, се чувствувам како идиот.
– Купив ски-опрема во вредност од 1.500 долари. Отидов два пати на скијање, го повредив коленото, и тоа беше тоа.
– Лакови за нокти, стотици од нив. Потрошив огромни суми купувајќи поразлична нијанса на розова која се разликува од останатите 149.
– Потрошив 100 долари за ласерско отстранување на влакна. Уште имам влакна.
– Платив годишна членарина во теретана. Таа година во теретана бев два пати. Еднаш за да уплатам…
– Купив прескапа торба за која сега морам да барам посебно столче кога седнувам во ресторан, за да не ја изгребам.
– Трофеј на кој пишува најдобра баба на светот…Имам 23 години, и сум машко.