|
Сигурно сте забележале дека во кино салите седиштата се во црвена боја. Но, дали знаете зошто е тоа така?
Црвените седишта во кината се пјавиле поради популарноста на италијанската опера во минатото. Црвената и златната се традиционални бои кои се користени за уредување на италијанските татри.
Со текот на времето биле прифатени и од други земји, а кога се појавиле кината таа пракса се задржала.
Постои и практична страна: црвената е вистинската боја која станува невидлива кога има недостаток на светло.
Црвената е бојата која човековото око прво ја „губи“ кога ќе настане темница.
Поради тоа седиштата во кината се црвени, за подобро уживање на филмот.