Ако се земе еден основен стратешки документ како што е стратешкиот план на општината, лесно се доаѓа до заклучок дека недостасува пракса за негово редовно носење. Од вкупно 65 општини, само 7 (11%) имаат тековен стратешки план на општината (Струмица, Битола, Богданци, Конче, Радовиш, Ресен, Карпош), додека другите 58 (89%) од општините кои одговориле на барањето
за пристап до информации од јавен карактер, го немаат усвоено овој документ, или пак им е застарен .
Понатаму во анализа на општинските веб-страници (на сите 81 општина), констатирано е дека 45 од нив (55%) не се користат за објавување на планските документи (графикон 4). Често се објавуваат во ограничен обем, а се случува линковите кои водат до документите да бидат нефункционални. Само 30 општини (38%) ги имаат планските документи и одлуки на централизирано место на својата веб-страница. Со оглед на тоа што е мал процентот на општини кои прават годишни извештаи за реализација на планските документи очекувано е да биде и мал бројот на објавени извештаи на општинските веб-страници.
Само 7% од општините, т.е. 6 општини ги објавиле планските документи и извештаите за реализација на своите веб-страници. Негативен тренд покажува реализацијата на стратешките планови кое може да се види во нивните извештаи, што укажува на тоа дека стратешките планови често содржат цели и приоритети коишто се над можностите на општината за нивна реализација.
Оваа анализа во проектот на ЦУП прикажува информации кои може да се пронајдат и за работењето на советите на општините, каде може да се види дека многу ретко ги објавуваат записниците и донесените одлуки како и вестите од седниците на своите веб страници.
Како негативен пример може да се спомене Град Скопје, кој иако е општина со најголем број на жители, не oбјавува актуелни информации за работата на Советот, ниту пак има архива на дневен ред, записници и одлуки од седниците.
Општините често не водат сметка за унапредување на работењето преку обука на вработените во извештајот податоците кои ги добиле од 36 општини, општините во просек трошат само 0,06% од своите буџети за стручно усовршување на своите вработени. Ниедна од општините не се истакнува особено во однос на процентот од буџетот кој го посветува на обуки на своите вработени.
Навистина интересна е и анализата флуктуацијата на вработените непосредно по одржувањето на
локалните избори и промената на локалните власти, со цел да се утврди евентуално политичко влијание на овој процес. Прибраните податоци за вработувањата и преземањата вработени
се однесуваа за периодот од ноември 2017 година до април 2018 година, односно 6 месеци по промената на локалната власт.
Констатација е дека бројот на вработени во 53 општини се намалил за 27 вработени (заминале 328 вработени, а дошле 301), додека во 67 јавни претпријатија основани од општините се зголемил за 359 вработени (заминале 505, а дошле 864 вработени), или во просек се зголемил за 5 вработени по јавно претпријатие.
Доколку земеме некои примери: во општина Карпош бројот на вработени се намалил за 39, во Чашка за 34 и во Пехчево за 14 вработени. Значителното намалување на вработени во овие општини се должи пред сè на прекинувањето на работниот однос на вработените на привремено. Во некои општини, пак, може да се воочи вакво прекинување на работниот однос на привремените вработени и паралелно вработување на нови привремени вработени, со што на крајот се изедначува флуктуацијата.
Од друга страна има примери на јавните претпријатија основани од општините – бројот на вработени во Струмица Комуналец се зголемил за 129 вработени, а во ЈП Комуналец Кавадарци за 39 вработени.
Споредувајќи го бројот на вработени во општините со бројот на жители мое да се констатира дека во просек општините имаат 3ца вработени на 1000 жители.
Целиот проект, како и сите статистички податоци, во кои може да пронајдете за работењето на општините, јавните претпријатија и нивната администрација можете да ги погледнете на следниот линк.