Работниците бараат одговори дали годинава работодавците ќе им исплатат регрес за годишен одмор, познат како К 15 и колкав би бил максималниот, но и миналниот износ. Невладината „Гласен Текстилец“ деновиве одговори бара и од државните институции, но надлежни за овие одговори се Синдикатот и Организација на работодавaчи.
Државниот трудов инспекторат го чека толкувањето од Синдикатот и Организацијата на работодавачи, по што како што вели Јована Тренчевска директорка на овој инспекторат ќе биде објавен и на нивната веб страница.
-СЕКОЈА СРЕДА ИМАМЕ ОНЛЈАН СОСТОАНОК СО СИНДИКАТОТ, НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРЖЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, УТРЕ ЌЕ ГИ ПОСТЕСТАМ ДА НИ ГО ДОСТАВАТ ТОЛКУВАЊЕТО, А ПОСТАПУВАЊЕТО ЗА ИСПЛАТАТА ЗА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ОД НАША СТРАНА Е ПО 31 ДЕКЕМВРИ, ДО КОГА РАБОТОДАВЦИТЕ ТРЕБА ДА ГО ИСПЛАТАТ НА РАБОТНИЦИТЕ, ВЕЛИ ТРЕНЧЕВСКА.
Забележува дека има фирми во земјава, кои веќе ја вршат исплатата, а податоците од Управата за јавни приходи ќе ги добијат по 31 декември. По што како инспекторат ќе можат да постапуваат на приговорите од работниците и невладините организации. Телма побара одговори и од Организацијата на работодавачи. Првиот човек Ангел Димитров, потврдува дека со синдикатот веќе разговарале на оваа тема, а имаат и свој предлог.
РАЗМЕНИВМЕ ЗА 2020 МИСЛЕЊА И ПРЕДЛАГАМЕ ОНИЕ ФИРМИ КОИ ИМААТ ПОТПИШАНО СПОГОДБА СО СИНДИКАТОТ ДА ИСПЛАТАТ ПОМАЛ ИЗНОС НА К 15. АКО СПОРЕД ГОДИШНАТА ПРЕСМЕТКА ЗА 2020 ГОДИНА, АКО ВКУПНИОТ ИЗНОС НА ПРЕСМЕТАНИОТ К 15 ЗА СИТЕ РАБОТНИЦИ НЕ Е ИЗНЕСУВА ПОВЕЌЕ ОД 30 % ОД ОСТВАРЕНАТА ДОБИВКА ЗА 2020 ГОДИНА. ТОГАШ НЕИСПЛАТЕНИОТ ИЗНОС ДА ГО ПЛАТАТ ДО 30.06. 2021 ГОДИНА, ВЕЛИ АНГЕЛ ДИМИТРОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ.
Ампева од Гласен Текстилец вели дека секоја година има нови ситуации и проблеми со исплатата на К 15, но општиот колективен договор не дозволува воопшто да не се исплати, колку и фирмата да била во загуба, а најпрболематично е што не се знае кој е најнискиот износ за исплата на регресот за годишен одмор.
Викторија Јованова