Дали Сергеј ќе го премолчи ова? Лила го објави она што не требаше да се види

ИЗВОРСкопје24
|

Јавните личности постојано се на мета, а веќе извесен период се емитува емисијата Мода на Сергеј Варошлија, па несомнено токму таму се обелоденуваат сите грешки на јавните фаци. За „безмилосноста“ на Сергеј нема потреба да се зборува, веќе на сите им е јасна.

Пофалби или критики, или пак комбинација од двете се неизбежни во речиси секоја емисија. Но, меѓу оние најпофалените за својот изглед секогаш е омилената Лила Филиповска.

Овој пат веројатно и тој ќе ја искритикува поради грешка во нејзината објавена фотографија, а на водителката останува да видиме дали ќе го послуша својот пријател.

Познато е дека Лила е добра пријателка на Варошлија, а во една прилика има изјавено дека Сергеј понекогаш знае да ја искритикува и нејзе, да и даде совет, а таа да го послуша. Гледачите на неговата модна емисија добро знаат дека тој често знае да нагласи дека сите генерално мора да внимаваат какви фотографии пласираат на социјалните мрежи, а особено на дамите им нагласува многу да внимаваат кога на својата коса ставаат надоградба за да изгледа подолга и побујна.

Тој потенцира дека екстензиите никогаш не треба да имаат јасна граница со природната коса, а тоа најдобро умеат да го изведат професионалците во својата област. Често за одличен пример ја посочува Јелена Карлеуша која секогаш има совршени екстензии.

Но, Лила на последната фотографија ја направи токму оваа грешка, од која јасно се гледа до каде е нејзината коса, а од каде почнува надградбата на русите прамени.

Иако фризурата од приложеното може да се види дека е во фаза на подготовка, но сепак нели треба да се винимава и на изборот на фотографии кои ќе се најдат на профилот – особено кај познатите.

Вистина.мк