Дали смеете да го користите млекото за сончање кое ви останало од лани?

ИЗВОРСкопје24
|

Време е на летни одмори. Покрај цената на аранжманот, треба да се размисли и за дополнителните трошоци: нов костим за капење или истиот од лани? Тука се и маска за коса, спреј за заштита на косата, гел за после сончање, играчки за на плажа… и неговото височество: млеко со највисок фактор на заштита од сонце.

Имате останато залиха од лани, но дали е мудро да ја искористите? Па, тоа зависи.

Повеќето козметички производи имаат обележано датум на користење некаде на пакувањето. Ова е првото нешто што треба да се провери. Ако нема рок на траење, сигурно ќе има слика што покажува колку долго по отворањето производот е безбеден за употреба.

Теоретски, млекото за сончање е безбедно за користење две до три години, но само под услов пакувањето да не е изложено на сонце и високи температури. Но, освен ако не сте го чувале во термоотпорна ќеса и под сенка додека сте биле на плажа или покрај базен, веројатноста дека производот ќе се „расипе“ до следното лето е голема.

На кратко, до следното лето, формулата што всушност ви ја штити кожата од сонцето се распаднала и производот веќе не нуди никаква заштита.

Кога ќе го земете ова предвид, не штедете на вашето здравје. Купете ново млеко за сончање со висок заштитен фактор, ќе изгледате супер и во ланскиот костим за капење.

Најевтините креми за сончање се најквалитетни

Словенечкото здружение за заштита на потрошувачите го заврши едно од најголемите тестирања на креми за сончање во регионот. Биле испитувани девет различни примероци на креми за сончање достапни на пазарот во Словенија со висок фактор на заштита. Истражувањето покажало дека цената на производот секогаш не гарантира и најдобар квалитет.

Од девет тестирани примероци каде што било испитувано новото на заштита, количината на конзерванси, влажноста, чувството на кожата и многу другии квалитети, на прво место бил кремот на „ДМ“, „санденс“, со фактор 30, која е меѓу најевтините. Најевтината крема на пазарот „милер лавозон“ со фактор 50 е втора, а на трето место е кремот „хофер омбиа сан ултра сензитив фактор 50“, пренесува „Јутарњи лист“.

Сите тестирани производи се купени во продавници за широка потрошувачка. Трговците не знаеле дека истражувањето е во тек, па не можеле да влијаат на изборот.

Тестирањето е направно во независни акредитирани лаборатории, а критериумите кај овие меѓународни тестови се построги од обична проверка на стандардите на безбедноста, бидејќи се испитува и трајноста на производот, влијанието на животната средина и други критериуми важни за секојдневна употреба.