Иако Малдивите сами по себе се рај на Земјата, вистинската магија се случува кога Сонцето заоѓа. Милиони ситни организми чекаат небото над Малдивите да стане темно, за да ги осветлат прекрасните плажи на островот Ваду.
Феноменот е познат под името ѕвездено море и е предизвикан од биолуминисценција која се јавува кога одредени микроорганизми доаѓаат во допир со кислород. Овие микроорганизми или морски микроби се нарекуваат фитопланктони и се јавуваат во многу различни видови.
Најпознатите фитопланктони кои создаваат морска биолуминисценција се нарекуваат динофлагелати. Како што динофлагелатите пловат, водата која ги окружува праќа електронски имплуси околу комората исполнета со протони кои се наоѓаат во фитопланктонот. Тогаш електричните импулси отвораат јонски канали во протонот кои се чувствителни на напон и се менува Пх вредноста во цитоплазмата што доведува до хемиска реакција која активира протеин наречен луцифераза. До неон сина светлина доаѓа кога кислородот доаѓа во допир со комбинацијата од луцифераза и луциферин.
Иако динофлагелатите ја испуштаат оваа прекрасна светлина, тоа не значи дека се безо пасни. Некои видови произведуваат ток сини кои се опа сни за луѓето, рибите и другите суштества и се верува дека сината светлина е некој вид на одбрана од предаторите. Сепак, тие не се единствени кои произведуваат биолуминисценција. Некои морски животни имаат свои начини и причини за производство на светлина.