Дали треба да го исклучувате лаптопот од полнач?

ИЗВОРСкопје24
|

Дали треба да се исклучи лаптопот од полнач откако ќе се наполни батеријата? Точен одговор на ова прашање речиси и да не постои.

Според одредени тестирања на батеријата на лаптопт, доколку вашиот уред е постојано вклучен на полнач, тоа ќе ги намали неговите перформанси.

Дополнително, порастот на температурата како резултат на полнењето на батеријата ќе и наштети на електрониката па затоа некои производители препорачуваат да ја отстраните батеријата од лаптопот и тој постојано да ви биде на кабел.

Сепак, ова не е возможно кај некои понови модели бидејќи батериите се запечатени во самото куќиште.

Производителот Acer препорачува да се вади батеријата секогаш кога тоа е можно, а HP препорачува лаптопот барем две недели постојано да се полни.

Dell смета дека не постои никаков проблем ако лаптопот е постојано на полнач, а доколку ги прашате во Apple ќе ви кажат дека идеално е да се полни и да се остави да се испразни батеријата.

Како што гледате нема конкретен одговор, па затоа е потребно сами да решите според моделот на вашиот лаптоп дали истиот ќе го чувате на батерија на полнач или ќе ја извадите.