Регулаторна нема законска можност да ги казни трговците ако драстично ја зголемат цената на горивата. Откако пред два дена престана да важи старата методолгоија, а новата не се донесе тие од вторник самите ќе одлучуваат по која цена ќе ги продаваат бензините. Првиот човек на РКЕ Бислимовски вели дека добил ветување од големите трговци дека нема да предизвикаат ценовни шокови и дека ќе ги следат трендовите на светските берзи.
РКЕ очекува новата методологија за пресметка на цените да биде донесена на 20 мај. Потпис на законските измени ќе ставел новоизбраниот претседател. Новата регулатива предвидува во цената на горивата да се пресметуваат трошоците на трговците за набака, складирање и транспорт на дериватите до бензиските.
Ќе биде вклчучена и маржата за трговците која сеуште се договара колку ќе изнесува. Но повеќе нема да постои профитната маргина од 29 долари по тон која државата и ја плаќање на ОКТА иако не произведуваше.
Со новата методологија во идина цената на горивата наместо на две недели регулаторна ќе ја утврдува на седум дена.
Сител.мк