Дали вреди да се вложува во македонски музички спотови и дали добар спот е предзнак за добар хит?

|

Познатите, светски музички ѕвезди, сакајќи што подобро да ги претстават своите песни, трошат огромни суми пари за снимање спотови. Цените на снимањето ги надминуваат сите можности на „обичен“ човек.

Но, што е со локалните пејачи? Колку пари трошат тие? Секако, нивните буџети се многу помали, што меѓу другото може да се забележи и во самите видеа.

На тема дали вреди да се вложува во музички спотови и дали добар спот е предзнак за добар хит естрадниот магазин „Бекстејџ“ разговараше со нашите јавни личности. Еве ги одговорите.